After Midnight

Како да ги прочитате машките мисли?

Мажите размислуваат за многу нешта, но малку говорат. Доколку сакате  подобро да ги разберете , почитајте ги следниве упатства.

Не е лесно да се разберат припадниците на спротивниот пол. Затоа ви претставуваме неколку начини да ги протолкувате неговите сигнали.

Памтат сé што е убаво…

Мажите долго ќе ја памтат жената чиј изглед им се допаднал. Привлечете му го вниманието со некој детал и бидете сигурни дека долго ќе се сеќава на вас.

Повремено ќе се присети на некоја дама можеби и на вас, и мистериозно ќе се смешка. Тоа не значи дека би ве изневерил, затоа нема причина да се грижите.

Сакаат порнографија

Мажите многу ги сакаат жените. Затоа не замерувајте им доколку  е радознал по порнографијата.

Размислуваат за пријателите

Вашиот маж сигурно размислува за пријателите. Сака да се присети за времето кое го поминал со нив, а во заедичко друштво  мажите се како ученици кога сакаат да зборуваат за жените…

Размислуваат за своето его

Мажите многу размислуваат за себе. Кога ви вели дека не сака да разговара за нешто што го мачи, сака насамо да размисли за некој проблем или да се порадува на својот успех. Не ретко, тоа ќе го сподели самиот со себе…

Мисли на игри

Мажите сакаат да играат видео игри. Дури и кога не играат , може да размислуваат на нив и да не бидат присутни во разговорите со вас, доколку дома го чека некоја нова игрица.

Не размислува за ништо

Има моменти кога мажите не размислуваат за ништо. Делуваат замислено и како да гледаат во една точка, но тоа е нивен начин на опуштање.

Како да ги разберете мажите?

Она кое не го знаете не може ни да ве повреди. Нема потреба да размислувате за некоја актерка од порно филмовите. Тоа се само обични мечтаења.

Доколку ви смета кога е загледан во една точка, одвојте време за да му вратите со иста мерка и вие смешкајте се задоволно…

 

Write A Comment