After Midnight

Знаци дека Вашето момче никогаш нема да порасне…

Пред Вашата врска да стане премногу сериозна и сé да заврши со потпис поради кој ќе зажалите, проучете го подетално…

Постои одредено време на прилагодување на двајцата партнери, особено на почетокот од врската. Меѓутоа, постојат луѓе кои не сакаат да ги прифатат новите нешта и да ги сменат навиките, бидејќи според нив, нивното однесување е сосем во ред… иако е далеку од тоа !!!

Согледајте ги знаците за неговата незрелост, пред да биде доцна…

1. Неограничено троши – Да бидеш возрасен значи да жртвуваш некои работи. На пример, трошење на цела плата на најнов плеј – стејшн или патување во Шпанија кое ќе треба да се отплаќа цела година. Ако еден маж нема чувство за финансии, најверојатно нема ни да го стекне…

2.Не помага – Кога имате гости, никогаш не станува од маса, за да Ви помогне. Најверојатно, пријателите ги има повикано само за да им покаже дека е во среќна врска. Тој не знае да се грижи за другите. Сака само другите да се грижат за него…

3.Никогаш не се грижи за Вас – Имате грип или нешто Ве боли… Негов коментар е : „ Ништо страшно “. Не Ви се јавува да Ве праша дали нешто Ви треба, или барем дали да Ви прави друштво… Проблем за него „ нема “ … Зошто тогаш да се грижи ???

4.Не се меша – Ако е некој безобразен спрема Вас, Ве остава да се браните сами. Најверојатно не сака да се грижи за ситници и да си го расипе своето добро расположение…

5.Не планира – Секогаш сте Вие онаа што прави планови, бидејќи тоа него не му паѓа ни на „ крај памет “. Од една страна, тој Ви е благодарен за совршената организација, но знајте дека никогаш нема да превземе иницијатива и да се сети дека треба да ја земе облеката од хемиско чистење…или било што друго…

6.Брза во сексот – Ако брза со предиграта, па сексот и едноставно гледа да заспие што побргу, значи дека сеуште го нема надминато анималниот инстинкт за задоволување на своите потреби. Тој едноставно не Ве доживува како суштество со потреби…

7.Постојано е „ исклучен “ – Ако сте на најздодевна вечера со Вашите родители, навистина е незрело да се седи, да се гледа во празно и само да се чека да се послужи вечерата. Секоја возрасна личност има некаква одговорност на друштвени случувања, а неговата незаинтересираност може да Ви предизвика непријатност.

Write A Comment