Познатата пејачка Adele изјавила дека би се „убила“ ако некој од нејзините поранешни дечковци напише песна за неа, иако таа доста пишуваше за нив.
Причината за ваквите драстични мерки лежи во тоа што неа сите ја познаваат и кога би имало таква песна, тоа би било пекол за неа. Сите нејзини поранешни дечковци се анонимни во песните, никој не знае за нив, па така им е многу полесно, отколку што би ѝ било на неа ако таа се најде во една таква ситуација.
Таа жали за некои работи што ги кажала и посакува да може да ги повлече. Поради тоа, последниот дечко од неа барал дури и парична надокнада што бил инспирација за нејзините успешни песни.
Сега барем може конечно да здивне, бидејќи со новиот дечко работите одат како подмачкани.
