„Transformers 4“ ќе биде последниот филм од овој серијал кој ќе биде во режија на Michael Bay.
Режисерот веќе изјави дека откако ќе го сними четвртиот дел од филмот дефинитивно ќе се откаже од тој проект. Во едно интервју, Bay соопштил дека потенцијалните продолженија би му ги оставил на некој друг режисер.
Исто така изјавил и дека планира да ги редизајнира сите свои роботи и да најми сосема поинаква актерска екипа за четвртиот дел на „Трансфомери“.
Rosie Huntington – Whiteley нема да се врати за снимањето на четвртото продолжение, а Shia LaBoeuf веќе одамна призна дека не би можел да понуди ништо ново во наредните филмови од серијалот.
Овој дел треба да се појави во кината на 29-ти Јуни, 2014 година.
