Celebrity

Концертот на J Lo во Белград ќе чини милионче!

Иако се очекува Jennifer Lopez да привлече голем број на обожаватели, како и дека ќе направи одличен концерт, сумата која е издвоена за најзиното доаѓање е навистина претерана.

Светската поп дива на 20-ти Ноември ќе одржи концерт во Белградска арена во склоп на светската турнеја „Dance Again“. Организаторите, овој настан ќе ги чини цел милион долари. Продукциската куќа „Sky Music“, која е задолжена за настапот на J Lo, планира да направи голем спектакл и шоу од светски размери.

Пејачката во Белград ќе пристигне на 19-ти Ноември, а за настапот Србија веќе почнува интензивно да се подготвува. Со оглед на тоа што се работи за настан на годината, освен обезбедувањето на Lopez, ќе бидат ангажирани и голем број полицајци. Пејачката со себе ќе донесе цел тим соработници, како и сопствен готвач.

Write A Comment