After Midnight

Победете ја осаменоста !!!

Осаменоста е чувство на самотија и беспомошност која не се јавува само кога сме сами. Може да бидеме опкружени со многу луѓе, а сепак да се чувствуваме осамено. Ви претставуваме шест чекори кои водат до победа над чувството на самотија:

1. Сфатете дека тоа е чувство, а не факт !!!

Понекогаш се чувствуваме осамено иако во реалноста не сме сами и изолирани од светот. Бараме причини поради кои така се чувствуваме, мислиме дека сме губитници, дека никој не нé сака и почнуваме да ги мешаме тие причини со реалните факти. Сфатете дека осаменоста е чувство, како секое друго и дека не сте Вие виновни што се појавило.

2.Сакајте се самите себе !!!

Најважно е да ја сфатите сопствената вредност и фактот дека ниедна друга личност не може потполно да Ве исполни и усреќи, како што можете самите. Кога се чувствувате осамено, не барајте ја причината во себе, немојте да се сожалувате и да се предадете на очајот. Бидете свои, бидете најдобри пријатели сами на себе пред да влезете во врска до друга личност.

3.Немојте да бидете зависни од други !!!

Многу луѓе депресијата и осаменоста пробуваат да ја излечат со присуство помеѓу повеќе луѓе, но најчесто, ова не помага. Немојте да ја ставате одговорноста за сопствената среќа во туѓи раце. Од другите луѓе не може да очекуваме дека секогаш ќе ни бидат достапни, дека никогаш нема да не разочарат, дека ќе ни овозможат вечна среќа.

4.Негувајте ги пријателствата !!!

Наместо постојано да размислувате за она што го немате и не го добивате, концентрирајте се на давањето. Негувајте ги пријателствата и внимавајте на туѓите чувства.

5.Пронајдете луѓе кои се како Вас !!!

Запомнете дека не сте единствени кои имаат вакви чувства, а темел за создавање нови пријателства е дружењето со личности со кои имате исти интереси. Пронајдете ново хоби и поминете повеќе време со луѓе кои Ве интересираат.

6.Бидете активни !!!

Физичката активност ослободува ендорфини, заслужни за доброто расположение. Неколку пати неделно бавете се со интензивни телесни активности бидејќи седењето на кауч или лежењето во кревет нема да Ви помогнат да ги отстраните негативните мисли. Исто така, изложувањето на сончева светлина го поттикнува произведувањето на витаминот D, кој ја намалува депресијата.

Write A Comment