Иако сме свесни дека совршените љубовни приказни какви што гледаме секојдневно во холивудските романтични филмови се невозможни… но ние и понатака длабоко воздивнуваме кога ќе ги гледаме Џулија Робертс и Ричард Гир. И тогаш бараме сличности со нашиот љубовен живот и се надеваме дека еден ден ќе се скрасиме со филмска љубов.
Еве неколку од најчестите филмски заблуди за љубовта…
Принц на бел коњ
Сите жени сонуваат за идеалниот маж, а во филмовите тие „среќнички“ и го наоѓаат нивниот принц на бел коњ. Иако и тој има мани тие сепак се симпатични… но стварноста е сосема поинаква – никој не е совршен и не би требало да се нервирате доколку Тој не е онаков каков што секогаш сте го замислувале Вашиот принц на бел коњ.
Љубовта е доволна
Романтичните филмови често ја пропагираат идејата која е совршена сама по себе и можна во секоја комбинација без никакви надворешни влијанија. Но … реалноста носи вистински проблеми кои не можат да се решат … а во љубовта мора да се вложува како таа би издржала и би била она што треба да биде ЉУБОВ.
Нејзината љубов го промени…
Откако ја запозна Тој ја пронајде смислата на неговиот живот и нивната љубов му го покажа патот кон успехот… Луѓето се менуваат и прават компромиси, но тешко ( никогаш) се менува целокупниот начин на размислување и стил на живот, посебно кога станува збор за мажите.
Секој има своја душа – и тоа само една …
Супер е да се верува дека секој од нас има сродна душа која негде не чека само нас… но помислете само колку потенцијални партнери губите во потрага по оној во кој ќе се заљубите на прв поглед.
И живееја среќно до крајот на животот…
Практично да не постои филм кој покажува што се случува понатака од THE END. Токму поради тоа се наметнува заблудата дека љубовта трае вечно и со истиот интензитет како на почетокот. Никој не кажува како против финансиските проблеми, децата …
