Celebrity

Џенифер Анистон – “лесна женска”

Во моментов познатата холивудска актерка работи на филмот “We’re the Millers”, каде игра улога на проститутка.

Поранешната жена на Бред Пит, снима црна комедија со Џејсон Судикис и Ема Робертс во Северна Калифорнија.

Анистон (43) на сетот на филмот вчера се појавила во кратки џинс панталони и бела маица без градник, откривајќи го своето совршено обликувано тело.

Без оглед на своите зрели години, таа не била многу нашминкана и делувала многу природно, пишуваат странските медиуми.

Во новиот филм Судикис игра дилер на дрога, кој се обидува да прошверцува поголема количина марихуана и затоа ја ангажира Анистон, која е улична проститутка, но ќе мора да глуми дека му е сопруга.

 

Write A Comment