Celebrity

Предесет нијанси и Саманта

Фаталната “плавуша” од серијата Сексот и градот, вели дека е голем обожавател на еротксиот роман, но нема да игра во филмот.

Имиџот од серијата “Сексот и градот” ги поттикнал американските медиуми да и наменат улога на актерката Ким Катрал во филмската адаптација на еротскиот роман “Педесет нијанси на сива”.

“Ја прочитав книгата и сум воодушевена! Конечно жените со средна возраст имаат забавна, секси книга да ги опушти. Но, морам да ве разочарам, никој не ми понудил никаква улога”, изјавила Катрал.

Филмската адаптација веќе поттикна еден куп на озборувања. Се пишуваше дека ќе ја режира Анџелина Џоли, дека ќе го ирга главниот лик, наивната студентка Анастаси ќе ја игра Ема Вотсон и уште многу повеќе, но ништо од ова не е точно.

Write A Comment