Тешко, но не и невозможно е да се препознае Казанова од еден навистина вљубен во вас човек. Така наречените женкари се романтични, внимателни, грижливи, духовити, вистински џенталмени. Но пред се женкарите се талентирани актери.
Секој женкар има веќе испробани трикови и добро разработена стратегија со кои во комбинација со неговиот шарм без потешкотии ќе ви се пикне под кожа. Ќе осетите дека е невозможно да се воздржите и брзо ќе се предадете во неговите прегратки, кога ќе го почувствувате неговиот поглед и паѓајќи на неговата магичната насмевка. Како???
Следната цел на женкарот е да ве натера да се почувствувате како најубавата и единствената за него, макар што реално сте една од многуте. Но ваква мисла нема да ви падне на памет, понесени од водопадот комплименти со кои ве залива вашиот Казанова.
Вистинскиот женкар не бара љубов, само секс. Вака најлесно ќе знаете кога после првата ноќ помината заедно, него никаде го нема. И не сте виновни вие што сте паднале на неговите маскирани лаги…
Цар е на комплиментите, романтичните гестови и љубовните фрази кои ќе ве однесат во облаците.
Вистинскиот женкар е доста самоуверен во флертот и за време на првиот состанок со вас, додека мажот со кој евентуално би имале иднина најчесто е срамежлив и несигурен во почетокот.
Ветува многу, но не исполнува ништо, зошто знае дека нема да е доволно долго со вас, за да треба да се докажува.
Женкарот е екстремно искрен и истовремено неискрен. Малку се мажите кои отворено зборуваат за своите чувства кон вас. Но женкарот зборува без проблем зошто знае дека на тоа паѓаат жените. Но не се лажете. Најверојатно неговите зборови немаат никакво покритие.
Важиот Казанова знае дека барате сериозна врска и смело ви ја ветува!
Сексот на прв состанок е страстен и романтичен, во тоа ќе ве уверува Казанова, но често е прв и последен. Целта на женкарот е бројот, следната жртва, не мислејќи за болката и раните што ќе ги остави после себе.
Незнам што друго да ви кажам, ми се случувало безкрајно многу да верувам и да се разбудам во ужасната грозница на реалноста…Таков е животот, затоа од сега па понатака со многу повеќе ум и многу повеќе тестови, за да докаже дека тој е вистинскиот…
