Потребни материјали:
– безбоен лак
– парче чипка


Чекор 1. Исечете мали парчиња чипка за секој прст.

Чекор 2. Прилагодете ја нивната димензија и форма со онаа на вашиот нокт

Чекор 3. Премачкајте го ноктот со безбоен лак.

Чекор 4. Додека е уште влажен ноктот ставете го внимателно парчето чипка на него и притиснете за да се залепи и зацврсти по целата површина.
Како подлога на ноктот можете да искористите и лак или пак чипка во друга боја.

Чекор 5. Повторете ја оваа постапка на секој нокт и почекајте да се засуши лакот. Ќе добиете модерен, чипкаст изглед на вашите нокти.


1 Comment
Ubavo.