Celebrity

„Штрумфови“ дискфалификувани за Оскар!

Академијата го елиминира анимираниот филм „Штрумфови“ од номинација за Оскар бидејќи не ги исполнувал потребните критериуми.

„Штрумфови“ ќе мора да се помири со фактот дека нема да биде номиниран во категоријата Најдобар анимиран филм на Оскарите што ќе се одржат во 2012 година. Филмот во режија на Раја Госнел е дискфалификуван од страна на стручни лица од тимот на Академијата.

Причината е што драстичен дел од главните глумци во анимиран филм мора да бидат анимирани и дека анимираните ликови мора да се во 75 % од филмот, што не било случај со „Штрумфови“.

На 24-ти Јануари, 2012 година ќе бидат објавени петте номинирани филмови, а манифестацијата ќе се одржи еден месец подоцна.

Write A Comment