Десет работи кои скоро сите ги бараат од партнерот
Добра вест за сите оние кои не знаат како да и го привлечат вниманието на личноста од своите соништа. Ви нудиме попис од врвни десет работи кои секоја личност, машка или женска, хетеросексуална или геј, млада или стара ги бара во својот партнер.
Ако немате такви карактеристики, време е да почнете да работите на тоа за да се стекнете со нив.. Не само што полесно ќе си најдете партнер, туку и самите ќе се чувствувате подобро и посреќно.
Самодоверба
За да се стекнеш со самодоверба, не постои вистински рецепт, Но да ги согледаш своите недостатоци и да поработиш на нив, е добар почеток. Освен тоа, можете да се позанимавате со стекнување одредени нови вештини кои не само што ќе ја подобрат сликата за вас самите, туку тоа ќе го забележат и другите.
Смисла за хумор
Кога би прашале некого што бара од партнерот, веројатно нема никој кој би ја изоставил добрата смисла за хумор. Секој би сакал да е со некој кој би го засмејувал. Некој кој би се смеел на неговите шеги. Почнете да го цените смеењето и појдете по тој пат.
Надворешен изглед
Мора да си признаеме дека надворешниот изглед е многу битен. Но кога изгледот е во прашање, сите луѓе не бараат совршенство и сите луѓе не сакаат исти типови. Поголемиот дел од луѓето реагираат на тоа како ние самите се прикажуваме. Потрудете се да си одберете фризура која вам најдобро би ви одговарала, стил на облека во која би се чувствувале удобно, и со тоа сте на вистинскиот пат.
Добар секс
Постои вообичаено правило скоро за сите дека понекогаш се чувствуваат несигурни кога е во прашање сексот. Бидете креативни, забавувајте се. Сексот веќе не е нешто непознато… баук.
Чувство на прифаќање
Да се биде прифатен и сакан, е еден од главните мотиви зошто воопшто бараме да бидеме во врска. Суштината е во тоа да и вие мора да бидете подготвени да ги прифаќате другите како би и тие ве прифатиле вас.
Комуникација
Кога луѓето велат дека не сакаат драма во својот живот, тие едноставно сакаат некој кој знае едноставно и јасно да комуницира. Преку разговор кога се изразуваат своите мислења, ставови и друго, тогаш и животот е поедноставен. На крајот од денот сите посакуваме некого со кој можеме да ги споделиме грижите и малку да си поразговараме.
Предизвици
Повеќето луѓе ја сакаат удобноста, но не и досадата. Токму поради таа причина, повеќето луѓе ги посакуваат оние кои им се чинат недопирливи. Но тоа е со кратко траење. Да се биде отворен, забавен и по малку непредвидлив, е тоа помага да се одржи врската и им одговара на тие кои ги сакаат предизвиците.
Финансиска стабилност
Нема сомнение кога се вели дека парите нè прават уште попривлечни отколку што сме. Не се работи за материјализам туку за чиста потреба и стабилност. Така, во колку не сте вработени, време е да побарате работа. На тој начин не само што ќе се здобиете со пари туку и ќе ви се зголеми вашата самодоверба.
Вкус и мирис
Не секому би му се допаднал мирисот на вашето тело нити пак вам би ви одговарал сечиј мирис. Во зависност од тоа што јадете, како се облекувате, и како ќе ја одржувате личната хигиена, така и ќе мирисате.
Хемија
Можеби ништо на ова листа не толку пресудно како што е пресудна хемијата помеѓу двајца. Таа е ултимативното тркало кое ќе ја покрене целата љубовна приказна. И ништо не може да ја дефинира. На неа не треба ништо посебно да работите, бидејќи хемијата со некои едноставно ќе се случи, а со други не.
