Убавина

1001 трик за убавина од легендарната Шехерезада

Таа е жената која употреби 1001 приказна за да го освои најгрубиот владетел. Но, дали Шехерезада користела и 1001 трик за убавина? Погледнете ги триковите на Шехерезада и уживајте во ориенталната козметика.

Сурма – ориенталната шминка подразбира секогаш нагласени очи. Па сурма е идеална за овој тип на шминка. Се чува во метална кутија и се нанесува со апликатор, нешто слично на сенката за очи. Со сурмата се извлекува тенка линија по должината на целиот очен капак и се завршува со извиткани краеви кон веѓите. Така очите ќе ви бидат главен адут.

Цитрус – лековитоста на цитрусот е позната на Ориентот. Кришки лимон помешани со малсо од лаванда се користеле како природни дезодоранси, сапуни и купки.

Шеќер – се користел за многу слатки, но и за разубавување. Од него правеле восок за депилација. Смесата направена од вода и шеќер во еднаков однос треба да се стави на оган, да почне да врие и да се подизлади. Го користеле како восок за депилација, исто како што и денес некои од нас го практикуваат ова.

Кна за коса – кната ја користеле за специфичен црвенкаст сјај на косата. Но, не само за тоа. Со нејзината помош ги исцртувале рацете и нозете со специфични цртежи кои се особено типични за денот на венчавката.

Маслени парфеми – заради сувата клима и високите температури парфемите кои се користат на Истокот се малсени. Оние парфеми кои содржат алкохол многу набрзо по отварањето го губат својот квалитет и мирис.

Ружина вода и вода од портокал – се користеле како тоник за тело. Освен тоа што и даваат мекост и и даваат влажност на кожата тие имаат неверојатен мирис.

Амам – или топла бања, тоа е најдобарта работа на Истокот. Тука телото целосно се прочистува од токсини, но исто така има делотворно дејство врз духот.

После овие трикови не е тешко да ја замислите Шехерезада со долга црвенкаста коса, исцртани раце, и впечатливи очи… Послушајте ги нејзините совети и запловете во магијата на 1001 ноќ…

Write A Comment