Направете мали слатки волнени топчиња кои подоцна ќе можете да ги користите како додатоци.
Потребни ви е волна, ножици и малку време и волја.

Намотајте ја волната околу прстите. Прстите малку раширете ги за да може подоцна полесно да ја извадите волната.

Откако ќе направите подебел слој, отстранете ја волната од прстите. На средината заврзете ја волната и силно стегнете. Делот од волната со кој ја врзавте волната оставете го подолг за да можете полесно да ја држите топката додека ја обликувате.


Со ножиците пресечете ја волната на врвовите каде што е споена.

На крајот со ножиците направете корекции за подобро да ја обликувате топката (колку повеќе волна пресечеме толку топката е помала но поубава).


За подобар резултат гледајте да одберете што подебела волна.
