Мојата кујна

Новогодишни чоколадни кекси

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 филџани брашнo

1 лажичка прашок за печиво

1 филџан путер или маргарин

1 лажичка ванила

150 грама кафен шеќер

50 грама шеќер

1 филџан лешници

2 јајца

1 инстант пудинг од ванила или чоколадо

350 г чоколада за готвење, грубо иситнета

ПОДГОТОВКА:

Помешајте во сад брашно со прашокот за печиво. Во друг сад помешајте го путерот, шеќерот и прашокот за инстант пудинг. Измиксирајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса.

Помешајте ги јајцата и постепено додавајте го брашното со прашокот за печиво. Додадете ја чоколадата и лешниците. Направете топки и нежно сплескајте ги или само притиснете со лажица.

Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги 8-10 минути на температура од 190 степени Целзиусови.

Write A Comment