After Midnight

3 Вистини и 5 најголеми лаги за сексот

Сексот е уживање за кое не треба надолго и нашироко да се зборува, туку подразбира препуштање на страста и чувствата. Сепак, постојат одредени факти за сексот произлезени од секојдневниот живот, за кои веќе со генерации се расправа. За ваша забава и информираност, ви ги претставуваме 3-те вистини и 5-те лаги за сексот.
Пенисот е најдобриот алат за постигнување оргазам кај жената
ЛАГА!
Дури 81% од жените доживуваат оргазам за време на орален секс.  Во некои сексуални пози, жените никако не можат да доживеат оргазам без разлика на големината и техниката на неговиот „алат“.

 

Жените го доживуваат врвот на сексуалноста на 28, а мажите на 18 години

ВИСТИНА! И покрај тоа што постојат исклучоци, нивото на естероген кај жената е најзначително во доцните 20-ти години од животот, додека пак нивото на тестостеронот кај мажите е највисок во тинејџерските денови.

 

Мажите во просек можат да издржат 10 минути пред да доживеат оргазам

ЛАГА! Мажите во сексот можат да „издржат“ околу 5,4 минути. Подолго од тоа се смета за надпросечност.

 

Консумирањето на кафе може да го промени вкусот на спермата

ВИСТИНА! Кафето навистина може да влијае, односно значително да го промени вкусот на спермата.

 

Жените не сакаат порно филмови

ЛАГА! На жените им требаат само неколку минути  пред  да се возбудат гледајќи порно филм. За разлика од мажите, на жените им е повозбудлива предиграта него самиот чин на секс во филмот.

 

Сонцето го стимулира сексуалниот нагон кај мажите

ВИСТИНА! Само еден час на сонце и сексуалниот нагон кај мажите расте за 70%.

 

Мажите мислат на секс на секои седум секунди

ЛАГА! Во принцип, мажите помислуваат на секс неколкупати дневно, зависно од ситуацијата во која се наоѓаат.

 

Сексот во бракот станува полош

ЛАГА! Женетите парови се позадоволни од сексуалниот живот од оние кои не се во врска. Освен тоа што се послободни, тие знаат што точно го задоволува партнерот.

 

Write A Comment