Раперите Џеј Зи и Кание Вест неодамна пееле како специјални гости на роденденот на 16-годишната ќерка на еден арапски милионер. За тој настап тие добиле скоро четири милиони фунти.
Раперите пееле во Дубаи на неколку дена пред божиќните празници. Британските медиуми откриваат дека девојчето е ќерка на шеикот Мансура кој е сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Сити од Англија. За време на настапот на роденденот, раперите испеале по неколку блока песни.
