Art & Crafts

5 едноставни чекори до квалитетен сон

Квалитетното спиење  го прави животот помалку стресен и поздрав.

Ете што може да ви помогне да спиете како бебе 🙂

Намелете го алкохолот

Алкохолот предизвикува дихидрирање на организмот, го успорува нервниот систем и смета на правилниот циклус на сонот. Важно е да не претерувате. Иако некои спијат како заклани со многу повеќе алкохол во себе, тоа е далеку од квалитетен одмор на телото.

Практикувајте секс

Ако за чудо сте од тие луѓе  кои бараат дополнителна мотивација за секс, еве ја. Сексот е идеален природен начин кој гарантира сон. Со оргазмот телото произведува ендорфин, кој го ублажува болот и помага да се опуштат мускулите. Препорака за што почесто вакво опуштање.

Медитирајте

Секој човек треба да пронајде активност која го опушта и физички и психички. Наједноставна препорака е лежење со затворени очи, со тивка пријатна музика, длабоко и споро дишење.

Мудро бирајте ја храната

Верувале или не, варењето му одзема на телото највеќе енергија од било која друга телесна активност. Затоа не јадете пред спиење, посебно не тешка храна. Со обилен оброк ќе си го оптоварите организмот  и ќе си го оштетите желудникот.

Мрачна соба и исклучен ТВ

Лоша вест за тие кои ги успива телевизорот. Доклку сакате квалитетен сон, неопходно е да собата биде замрачена и тивка. Светлината е како будилник за нашето тело, го повикува на активност.

Write A Comment