Сакате да се шминкате… сакате со помош на шминката да го истакнете својот младешки и секси изглед? Но тоа не е секогаш пристојно и во повеќето случаеви води кон спротивен ефект кога станува збор за шминкањето за на работа.
Не претерувајте со маскара
Вистината бели дека повторувањето на слоевите на маскара ги прави трепките погусти и подебели. Но претерувањето може да даде спротивен ефект, залепените трепки со сигурност не се привлечни.
Сјајот за усни оставете го за некоја друга прилика, а на работа носете мат кармин во природни нијанси.
Премногу руменило на образите дава неприроден и пренагласен изглед, што понекогаш може да изгледа и смешно.
Smoky eye оставете ги за вечерните излагања со пријателите. Никогаш не ги носете на работното место.
Лажни трепки. И тие не се добар make up ефект за работното место. Нив оставете ги за вечерните излагања или други прилики, а на работа преферирајте природен изглед.
