man fashion

5 Модни стилови кои треба да ги избегнете оваа есен/зима

Иако поголемиот дел од мажите не ги засега што ќе облечат или како ќе ги искомбинираат парчињата облека, ова се неколку совети за тоа како не треба да бидете облечени оваа есен/зима.

1. Заборавете на летната гардероба – летото заврши, а ако досега не сте ги спакувале летните алишта време е да го направите тоа.


2. Не претерувајте со додатоци – доволно е да ставите само зимска капа, шал или марама.


3. Избегнувајте комбинација со светли бои – комбинацијата на бела или светло сина кошула со крем сако заборавете ја, барем до летото.


4. Време е за нова фризура – трендовите велат дека најмодерна ќе биде кратка и разбушавена фризура.


5. Не носете летни маици со кратки ракави – овие маици можете да ги искомбинирате само во одредени прилики, под вашиот џемпер или дуксер.

Write A Comment