Пред да посегнете по апчињата за спиење, пробајте неколку лековити билки кои ќе ви помогнат да потонете во сладок сон. Веќе со ноќи не успевате да заспиете, а сте премногу уморни? Се вртите по кревет, гледате во саатот, броите овци, а никако да заспиете? Ако сево ова ви е познато, време е да пробате билни препарати, кои ќе ви помогнат полесно да заспиете и одморни да го дочекате утрото.
ЛАВАНДА

Направете чај од лаванда! Потопете две полни кафени лажички лаванда во зовриена вода и оставете ги да отстојат. По извесно време, засладете го чајот со мед. Во текот на денот, а најубаво непосредно пред спиење, испијте две шолји чај од лаванда.
ЦИТРОНЕЛА
Потопете 10 ливчиња од цитронела во литро ладна вода и ставете ги да се сварат. Оставете ги да отстојат 10 минути, па процедете. Пред спиење наполнете ја кадата со топла вода, додајте го чајот и лежете во када 20 минути.
НАНЕ

Ситно исецкајте 6 до 10 гранчиња свежо нане и помешајте го со половина шолја сончогледово масло. Чувајте ја смесата во доброзатворена тегла околу 4 недели на темно место. Потоа процедете и пресипете го маслото во флаша од обоено стакло со чеп за вакумирање. Со маслото масирајте ги слепоочниците секој пат кога ќе почувствувате дека нема да можете да заспиете затоа што сте напнати или нервозни.
ЈАГЛИКА
Во аван ставете полна лажичка исушен корен од јаглика, една лажица мајчина душица, семенки од анасон и истолчете ги убаво. Смесата прелијте ја со шолја зовриена вода, оставете ја малку да отстои , па процедете. Пијте по две шолји дневно.
ХЕЉДА

Ставете една кафена лажичка хељда во врела вода и варете една минута. Оставете да отстои 10-15 минути, а потоа процедете. Пијте по 2-3 шолји на ден.
ХМЕЉ

Сварете една шолја млеко со две лажички сушен хмељ. Оставете да отстои 5 минути, процедете, па засладете го со мед. Пијте пред спиење.
За опуштање пред спиење значително ќе придонесат и шишарките од хмељ замотани во платно, кое ќе го ставите под перницата. Шишарките треба да ги менувате на секои две недели.
ЦРВЕН ГЛОГ
Измешајте лажичка сушен црвен глог со една лажичка суво планинско цвеќе, а пола лажичка цитронела. Смесата прелијте ја со шолја врела вода. Оставете ја 10 минути, потоа исцедете ја. Пијте три шолји на ден.
