Celebrity

Адел по се изгледа ќе пее на најновиот филм за Џејмс бонд!

Се слушаат муабети дека британската пејачка Адел требала да сними песна како саундтрак за следниот Џејмс Бонд филм. Оваа информација ненамерно и излета на пејачката во интервјуто во шоуто на Џонатан Рос.

На прашањето за нов материјал изјави Адел дека се враќа во студиото во ноември, па да и посакаме среќа. По ова водителот правејќи се наивен ја праша за што всушност се работи, така што Адел спонтано одговорила дека е обврзана да сними музичка тема за новиот проект кој следува. Со намера да ја „отвори“ пејачката, водителот Рос и ја запеа култната Бондовска мелодија така да на Адел и стана јасно дека е разоткриена и дека можеби открила повеќе одколку што требала.

„Ама не, се работи за еден концепт на една песна“ пробувајќи да се извлече. Но според изворите за  The Sun се вели дека 23 годишната пејачка ја замолиле за соработка во новиот филм за агентот 007, кој треба да се вика „Carte Blache“.

„Да, и пристапија на Адел со идејата да сними некои работи. Ниту една од тие не и се допаднаа, но кога ќе погледнете кои музички икони работеа песни за Џејмс Бонд, таа би влегла во престижното друштво“ – објаснува изворот.

Најновиот филм за Бонд, инаку 23 ти по ред, во кината доаѓа следната година, а Бонд повторно ќе го глуми Даниел Грег.

Напиши коментар