Celebrity

Адел по втор пат ја откажува турнејата во Сад!

Иако според препораките на докторот, изминативе неколку недели Адел внимаваше на гласните жици и одмараше, состојбата сеуште не ѝ е подобрена и таа повторно мораше да се откаже од настапување.

Популарната британска соул пејачка Адел, мораше и по втор пат да ја откаже распродадената турнеја во САД поради гласните жици кои не ѝ се баш во најдобра состојба.

Адел, чиишто песни се наоѓаат на врвот на светските топ листи, требаше да ја започне својата турнеја на 7-ми октомври и тоа во Атлантик Сити со десет настапи. Сепак, докторите ѝ препорачаа да ја откаже турнејата.

–        Пеењето е мојот живот, мојата страст, мојата љубов, мојата слобода и сега мојата работа. Нема што друго да правам освен да оздравам целосно или во спротивно, засекогаш ќе си го оштетам гласот.

Инаку, иако младата ѕвезда пред неколки месеци тврдеше дека никогаш нема да настапува пред многу луѓе и на фестивали, на еден интимен концерт во лондонскиот клуб Хамерсмит Аполо изјавила дека премногу луѓе сакаат да ги гледаат нејзините настапи така што го променила мислењето.

Напиши коментар