Иако е Британка, Адел има најмногу номинации за Американските музички награди (АМА).
Навистина ја откажа американската турнеја поради проблемите со гласот, но сепак, Адел има голема причина да се радува. Номинирана е за изведувач на годината, најдобар женски изведувач, најдобар современ женски изведувач и најдобар албум.
По три номинации имаат Кети Пери, Лејди Гага, Тејлор Свифт и Ријана, кои заедно со Адел и со Лил Вејн се во трка за изведувач на годината.
Во категоријата за најдобар машки изведувач ќе се натпреваруваат: Џастин Бибер, Бруно Марс и Питбул, а за најдобар бенд ќе се борат: „LMFAO“, Марун 5 и „One Republic“.
За најдобра соул и RnB музика ќе се одбере помеѓу: Ријана, Бијонсе и Кели Роланд, а кај машките меѓу: Крис Браун, Треј Сонгз и Ашер.
За најдобар латино изведувач се номинирани: Енрике, Питбул и Џенифер Лопез.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 20-ти Ноември.