Актерката Џесика Честејн ќе ја игра принцезата Дајана во филмот „Caught in Flight“, приказна за љубовта помеѓу принцезата од Велс и Хазнат Кан.
Џесика ќе биде ѕвездата во биографскиот филм за трагичо настраданата британска принцеза Лејди Дајана Спенсер. Оваа актерка ни е позната по улогата во филмот „Дрво на животот“, каде глумеше заедно со Бред Пит.
Филмот говори за романсата меѓу принцезата и кардиологот Хазнат Кан, која самиот Кан ја призна во 2008 година во едно интервју за британскиот „Телеграф“.
Снимањето на филмот започнува во март 2012 година, а интересно е што во трката за главната улога покрај Честејн, биле и Кира Најтли и Скарлет Јохансон.
