Убавина

Ајде да се подмладиме

Стареењето е неизбежен процес. Еден ден ќе се разбудиме и ќе се изненадиме кога ќе видиме дека повеќе не изгледаме како на матурската слика во училишниот алманах.

Постојат повеќе мали трикови кои можете да ги направите за да избришете неколку години од вашиот изглед.

Користете посветла нијанса на кармин

Темните, интензивни кармини навлегуваат во фините брчки околу устата и затоа треба да се користат светли кармини со полесна текстура. Препорачливо е пред нанесувањето на карминот усните претходно да ги исцртате со моливче.

Намалете ја употребата на коректорот

Можеби со појавата на првите посериозни брчки чуствувате потреба да нанесувате повеќе коректор за да ги покриете, но со тоа предизвикувате контра ефект – кесичките под очите само ќе станат поизразени. Коректор користете само за најпроблематичните места, за сѐ останато обичната пудра е доволна.

Прецизно нанесувајте руменило

Како што старееме, така нашите јагодици стануваат поизразени и затоа е важно правилно да го нанесеме руменилото. Најдобро е руменилото да се нанесе од коренот на носот до линијата на косата, а ако сакате можете да додадете бронзено руменило под коската, за подраматичен изглед.

Инвестирајте во производи богати со колаген

Како старееме така кожата ја губи својата цврстина и затоа кремите со колаген се пресудни за младоста на нашето лице и тело. Исто така, маските и квалитетните пилинзи се задолжителни кај кожата која почнала да ја гуди својата младешка виталност. За телото се најдобри кремите за зацврснување на база на колаген.

Не претерувајте со кубењето на веѓите

Веѓите треба секогаш да бидат убаво обликувани, но ако се претера со кубењето, многу тенките веѓи му даваат на лицето строг израз. Експертите ја посочуваат Џенифер Конели како совршен пример за тоа кон какви веѓи треба да се стремат жените после 35-та година.

Мразот нека ви стане пријател

Кога ќе станете и ќе се погледнете во огледало, се шокирате колку ви се потечени очите. Не посегнувајте веднаш по коректорот – има едноставно решение за ова. Не јадете многу солена храна пред да си легнете и секогаш имајте спремни коцки мраз со кои неколку пати ќе поминете преку капаците. Можете да поминете и преку целото лице за подобра циркулација.

Додадете волумен и влага во косата

Со стареењето не страда само кожата туку и косата, таа губи влага, волумен и сјај. Пронајдете производ кој е наменет за постара коса, кој максимално ќе ја хидрира косата, а воедно ќе и даде волумен. Консултирајте се со вашиот фризер кој е најдобриот професионален шампон и регенератор со вакви ефекти.

Направете мали измени во бојата на косата

Ако сте блондинка, извадете неколку прамени во богата есенска нијанса на кафено, а ако сте бринета прамените нека бидат во златна медова боја – на овој начин косата визуелно ќе добие волумен, а топлите нијанси ќе му дадат здрава боја на лицето.

Почестете се неколку светкави парчиња накит

Секогаш во кутијата за накит имајте интересни обетки и ѓердани со кристали и слични светкави каменчиња. Овие парчиња накит ќе ви дадат инстантна доза на гламур, без разлика на пригодата.

Осветлете ја гардеробата

Без разлика што црната боја ви е омилена боја уште од кога сте средношколка, таа прави да изгледате постаро. Обидете се да правите комбинации со топли, пастелни бои кои ќе му дадат убава здрава нијанса на вашето лице. Кој знае, можеби ќе си најдете и нова омилена боја.

Почнете да користите маска за спиење

Освен ако не спиете во пештера среде шума, во вашата спална соба сигурно има премногу  светлина,  која може да доаѓа од уличното осветлување или пак од дигиталниот будилник на вашата ноќна масичка. Тие мали зраци светлина нѐ лишуваат од длабок РЕМ сон и со тоа се блокира создавањето на меланин, многу важен хормон. Затоа – покријте ги очите.

Внесувајте вода

Дневно внесувате 3 литри вода? Браво за вас! Но за уште подобро хидрирање на организмот, отидете на блискиот пазар и купете свежо сезонско овожје и зеленчук. Водата која ја внесувате во организмот преку консумирањето свежа храна побрзо навлегува во клетките. Овошјето и зеленчукот го стимулираат телото да произведува повеќе алкалин, кој е одличен за кожата.

Намалете го шеќерот

Буквално секој нутриционист шеќерот го става на врвот на листите „што да не се јаде“. Најдоброто нешто што можете да го направите за себе и за својата убавина е да престанете да јадете шеќер, бидејќи се претпоставува дека токму шеќерот е тој кој помага во создавањето на брчките.

 

Write A Comment