“Ossiano” што во превод значи океан, е едноставно совршен ресторан во Дубаи. Додека ручате или вечерате друштво ќе ви прават големите риби, и целиот подводен свет кој до сега сте го гледале само на слика.
За храната да не говориме нешто повеќе. Доволно е само да кажеме дека храната е подготвена од готвач кој ја има добиено престижната награда за автентичен вкус и квалитет.





