After Midnight

Ако веќе изневерувате, направете го тоа како треба!

Како да изневеруваме? Читањето на оваа статија ќе ви помогне да ги научите основните правила, на кои треба да се прдржувате, во случај да сте решиле да го изневерите партнерот. Но таа нема да ви даде одговор и за тоа со кого да го изневерите. Уште од раѓање човек го спознава светот, себе си и другите. Постојаната необходност од учење и спознавање на се околу нас е врежано во гените и во ниту еден случај тоа не треба да предизвикува збунетост или негирање. Зошто тогаш изневерата се прима како нешто неправилно или неморално? Изневерата е резултат на човечкиот развој и е логично човекот за целиот свој живот да бара нешто ново и различно. Во чисто физичката, емоционална и спонтана изневера нема ништо лошо, доволно е само таа да не повлече со себе излишни проблеми или непотребни грижи. Ете зошто првото и основно правило е:

-Никогаш не признавајте на партнерот за вашата изневера;

Местата избрани за изневерата треба да се не само романтични, но и далеку од очите на вашите заеднички познати, и затоа:

Избирајте места  на кои веројатноста да сретнете некој од заедничките пријатели е значително мала;

Ангажирајте ваша добра пријателка да ви осигури алиби и запомнете:

Важно е да имате алиби во случај работите да почнат да се одвиваат не како што сте очекувале;

Во случај  кога сте решиле да го изневерите партнерот, еден идеален начин за тоа е:

Да се комбинирате со друга изневерувачка двојка” така да вината ќе ви биде споделена по пола и има кој да ви го пази грбот;

Службените ангажмани со колеги се речиси задолжителни и не би предизвикале претерани сомнежи.

Организирајте службено патување со преспивање, ќе бидете далеку од очите на партнерот и пријателите;

Но за жал, не секогаш вие сте таа што ја раководи судбината, веројатноста вашиот партнер да ве разоткрие е голема и затоа:

-Бидете секогаш подготвена за прераскажување на “втората глава” од оваа статија, а таа е накратко “ред зборови, ред солзи”.

Ако и ова не помогне, тогаш објаснете смирено дека тоа било грешка и никогаш предходно не се случило и нема ни да се случи, никогаш повеќе, сте биле под емоционална возбуда, и многу, многу, ама многу жалите за се, или пак не жалите – во тој случај кажете збогум на се изградено до сега и насочете се на новата врска до следната изневера!

Напиши коментар