Celebrity

Анџелина Џоли подготвува филм за војната во Авганистан!

Сценариото е скоро готово, но славната актерка и новопечена режисерка Анџелина Џоли сеуште нема храброст да започне со снимањето.

По режисерскиот првенец „Во земја на крв и мед“, кон кој критичарите беа доста благонаклонети, Анџелина Џоли размислува во средината на следната година да почне да снима филм инспириран од војната во Авганистан.

–          Сеуште немам храброст да му го покажам сценариото на било кој. Повеќе од пола ми е готово, но има доста време до почетокот на снимањето, – изјавила актерката.

Западните медиуми пишуваат дека филмот за војната во Авганистан, за разлика од љубовната приказна сред војната во Босна, би можел да биде акционен трилер.

Write A Comment