Убавина

Бадемово масло – најдобра нега за рацете

Во зима не смее да ви падне на памет да излезете надвор без ракавици. Студот ја суши кожата и може да предизвика испукана кожа која знае и да боли.

Дланките се најсувиот дел од телото и стареат многу побрзо од лицето. Затоа мачкајте ги постојано со хранливи креми.

Во кремата која ја користите за рацете капнете и неколку капки бадемово масло. Тоа дополнително ќе ја омекне вашата кожа.

Во зима обрнете повеќе внимание на нега на дланките. Кога имате слободно време правете маска за рацете. Ставете две лажици мед, неколку капки маслиново масло, неколку капки бадемово масло и измешајте. Ставете ја оваа маска на дланките и оставете нека отстои. Потоа измијте се со млака вода. Топлата вода избегнувајте ја, таа дополнително ја суши кожата. Откако ќе се измиете ставете дебел слој на крема за раце.

Write A Comment