Celebrity

Бекстрит Бојс со нов албум во 2012!

Мегапопуларната група „Бекстрит Бојс“ повторно се враќаат на музичката сцена. За 2012 година, тие најавија снимање на нов, нивен осми по ред студиски албум.

Информацијата за нов материјал ја потврди и пејачот Хови Ди и уште додал дека овој машки бенд заедно со новите продуценти, по скоро 20 години од својот музички почеток, ќе звучи многу „посвежо“.

Бендот за 2012 година најави и заедничка европска турнеја со уште еден бенд во кој членуваат само момци, односно „New Kids on the Block“, а ќе настапуваат под заедничко име кое гласи „NKOTBSB“. Тоа е всушност акроним од имињата на двете групи.

Write A Comment