Вечер за заљубени парови, без обзир на години и музичко определување…
Вака може да се опише концерот на една од најпознатите соул пејачки во светот Шаде, кој се одржа во саботата во Белград. Повеќе од 10.000 луѓе стрпливо го чекале концерот кој доцнел цел саат, а поради огромната гужва по улиците на Белград, многумина влегле и по почетокот на настапот.
– Фала ти Србијо! Вечерва ќе пробаме да ги надополниме сите години кои не сме биле заедно, – рекла Шаде (52) и го започнала концертот со познатата песна „Soldier Of Love“.

Егзотичната Британка едноставно блескала на сцената и ја покажала целосната моќ на својот совршен глас. Целиот концерт бил совршено замислен и изведен. Бендот бил доста вешт, а помошните вокали извежбани до совршеност.
Публиката ја пеела секоја песна од длабочината на душата, а Шаде успеала да ги испее сите познати хитови, на кои најмногу уживале заљубените парови.

Совшена, безвременска музика за сите генерации, романтика без патетика, топли ноти за ладна ноќ… се само некои од зборовите со кои присутните го опишале концерот по неговиот завршеток.
