After Midnight

Без кои мажи се може?

Жените дефинитивно можат без мажите кои никогаш не разговараат со жената за политика, бизнис и спорт, затоа што претпоставуваат дека бидејќи е жена, е неука. Продолжете, има тука уште многу што да се прочита…

Одредени мажи дефинитивно нема да успеат да се справат со жените. Овде можете да ја прочитате листата на особини од кои жените бегаат од мажите, без разлика на сè.

За него вие сте единствена и тоа е сјајно… но, зарем мора да ги трпите неговите љубоморни испади, секој пат кога ќе размените два збора со неговиот згоден пријател?

– Момче кое ќе намине на кафе, па ги „луфтира“ нозете кои не виделе бел ден (и сапун) неколку дена.

– Момче кои одбива да праша за правецот, додека не помине барем 40 километри во погрешен правец.

– „Тип“ кој е зависен од командување. Тој одлучува за сè: ресторан, филм, концерт, пијачка и слично.

– Момче кој е сѐ уште дете. Ја повикува својата мајка и во најмала криза и прави сè како што ќе му каже мама.

– Тип кој ќе се „дотера“ како да одите во диско, на незаборавна забава, а завршувате во пицерија.

– Момче кое претерува во пиењето или пушењето и тврди дека не се притресува за никаков ризик, бидејќи сака да остане вечно млад.

– Тип кој никогаш не ја искажува својата љубов.

– Момче кое ви намигнува, додека флертува со вашата пријателка.

– Типови кои се расфрлаат со пари. Покажуваат колку се „моќни“, па потоа се обидуваат да ви влијаат на вас и вашето однесување, да одговараат со неговите стандарди.

– Момчиња кои не се гордеат со своите девојки.

– Мажи кои ја проценуваат жената, според гардеробата.

– Мажи кои никогаш не разговараат со жената за политика, бизнис и спорт, бидејќи претпоставува дека жената е неука за тие работи.

– Момчиња кои никогаш не знаат да те сослушаат.

– Типови кои се воодушевуваат на успешните жени, сè додека не му стане девојка.

 

 

Напиши коментар