Celebrity

Бибер пати по Шерил Кол?!

Додека половина женски свет пати за Џастин Бибер, тој ја посакува Шерил Кол.

Џастин веќе се години посакува да сними дует со Шерил Кол, и како што стојат работите, по сè изгледа желбата ќе му се исполни наредната година.

Уште од моментот кога проба да ја шармира Шерил во емисијата „The X Factor 2“, каде Шерил беше судија, Џастин Бибер постојано лобираше за дует со неа. Менаџерот на пејачката накратко објасни како стојат работите.

– Многу сум добар со менторот на Бибер, Ашер, а и Шерил се сретна со него. Ние сме како едно големо семејство од кое можете да очекувате буквално сè. Дуетот најверојатно ќе го направиме следната година, така што очекувајте го, – изјавил менаџерот на Шерил Кол за медиумите.

Напиши коментар