На околу еден месец пред католичкиот Божиќ, Џастин Бибер премиерно го претстави видеото за песната „Fa La La“ на VEVO. И овој сингл е дел од празничниот албум на канадската музичка ѕвезда со наслов „Under the Mistletoe“.
Песната има R&B шмек и е направена во соработка со „Boys II Men“. Спотот е доста едноставен, во црно-бела техника и на него може да се види Бибер како пее со момците од групата „Boys II Men“, додека во неколку кадри Бибер е сам во соба полна со огледала.
Погледнете и сами, па оценете дали песната има потенцијал да стане празничен хит:
