Веќе сте ја откриле љубовта на својот живот и се обидувате на сите можни начини да му ја докажете својата љубов. Но внимавајте да не претерате!
До вчера сте биле секси девојка што се грижела само за тоа да изгледа сексипилно и убаво, но во еден момент решавате да му докажете дека освен привлечна, вие сте и перфектна домаќинка. Неусетно од љубовница се претварате во обична домаќинка.
Оваа основна женска грешка е една од причините мажите постепено да почнат да губат интерес кон својата партнерка и да се загледуваат по други девојки. Многу жени забораваат една многу важна работа. Мажите пред се сакаат жената да изгледа добро и да ја предизвикува неговата сексуална фантазија. И најдобрите деликатеси приготвени од ваша страна, неможат да го нахранат машкиот сексуален апетит.
