Само после неколку дена откако излезе најновото видео на Бијонсе за синглот „Countdown“, таа е тука со нешто ново и ексклузивно. Воопшто не се ни потруди да одговори на обвинувањата дека видеото за песната е плагијат.
Овој пат се работи за тизер од видеото кое мометално го спрема за синглот „Love On Top“. Иако трудна, во спотот изгледа феноменално, како и секогаш. Оваа песна Бијонсе ја изведе на минатите МТV награди, а во видеото со неа танцуваат само машки танчери.

И двата споменати синглови се дел од студискиот албум „4“, кој беше пуштен во продажба пред неколку месеци.
Еве како ќе изгледа спотот за „Love On Top“:
http://www.youtube.com/watch?v=N-u1r6Y99cE
