Free zone

Бил Гејтс и неговите правила во животот! Ај да ги научиме…кој знае…:)

Ова се правилата на Бил Гејтс кои го доведоа до самиот врв. Погледнете ги и сигурно ќе издвоите неколку практични совети и за себе!

Бил Гејтс неодамна одржа говор во едно средно училиште зборувајќи за 11-те нешта за кои нема да ве научат во училиште. Зборува за тоа како погрешниот концепт во образованието создава генерација на деца без концепт на реалноста и како овој концепт ги води кон неупех во реалниот свет.

Правилата на Гејтс:

1.Животот не е фер – прифатете го ова!

2. Светот нема да се грижи за вашата самодоверба. Светот очекува од вас да постигнете нешто!

3. Нема да заработувате 60 000 долари годишно веднаш после завршувањето на средното образование. Исто така нема веднаш да ве постават за заменик-претседател, се додека не вложите труд да го постигнете сево ова!

4. Ако сметате дека вашата учителка е строга, почекајте да видите како е кога се има шеф.

5. На правењето хамбургери не треба да гледате како на недостоинствена работа. Вашите дедовци и баби имале друг збор за ова – го нарекувале можност!

6. Ако направите било каква грешка, не ги обвинувајте вашите родители за тоа, туку учете од нив!

7. Пред да се родиш, вашите родители не биле толку здодевни како што се сега. Тие се такви поради многуте грижи околу вас, сметки за школарина, перење на вашата облека и др. Затоа пред да започнете да ги спасувате дождовните шуми од паразитите на генерацијата на вашите родители, предходно исчистете го плакарот во вашата соба.

8. Во училиштето можеби ја нема таа поделба на победници и губитници, но во реалниот живот ја има. Во училиште ви даваат доволно време за да го дадете правилниот одговор. Ништо слично на ова нема да се случи во реалниот живот.

9. Животот не е поделен на семестри. Вие не добивате повеќе летна почивка како досега и навистина многу малку работодавци се заинтересирани за тоа вие да се пронајдете себе си.

10. Телевизијата не е вистинскиот живот. Во реалноста луѓето треба да ја напуштат кафетеријата и да одат на своето работно место.

11. Бидете добри кон генијалците. Големи се шансите еден ден да работите за нив.

 

 

Напиши коментар