Celebrity

“Black Sabbath” се враќаат со светска турнеја!

Легендарната хеви метал група „Black Sabbath“, минатата недела најави турнеја која треба да се одржи во 2012 година и тоа во оригиналната постава: Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд. Со овој чекор, се предвидува дека групата следнава година ќе заработи околу 160 милиони долари.

Освен камбек турнејата, тие најавуваат и нов албум за кој веќе имаат осум напишани песни, а се очекува да излезе на есен, 2012 година. Интересно е што овој албум ќе им биде прв по дури 33 години. Бендот е основан во далечната 1968 година.

Напиши коментар