Голем број истражувања ги потврдија бројните благодети на чаевите. Листата на позитивни ефекти врз човечкото тело е долга и постојано се проширува.
Неверојатно не позитивен ефектот кој топлите билни чаеви ја имаат пред се за заштита од болести, а во тек на студените денови особено се корисни при настинки и како средство за јакнење на имунитетот.
Голем број на стручњаци од областа на здравството ја потенцираат позитивниот ефект кој го има зелениот чај врз намалување на лошиот холестерол за неверојатни 50 проценти.
Тие после опширните истражувања востановиле дека кај лица кои пиеле чај или освежителни напитоци на база на чај, холестеролот се намалил за период од 60 дена. Според нив зелениот чај функционира како специјален вид на детергент и реагира со желудочните киселини спречувајќи ги цревата да апсорбираат масти.
Чаевите се вистински сојузници во борбата против бактериите
Што се однесува до витамини и минерали, во чаевите ги има во изобилие. Повеќето мешавини на чај содржат супстанци кои се од фундаментално значење за организмот, како што се фолната киселина, калиумот, манган и Вит.К, Ц, Б1 и Б12. Благодарејки на многубројните активни супстанции, се многу добри сојузници во борба против бактерии кои може да предизвикаат кариес или воспалени на белите дробови.
