Celebrity

Блек Ајд Пис се распаѓа?

Членовите на групата „Блек Ајд Пис“ наводно планираат да ја информираат јавноста и своите фанови дека се распаѓаат, пренесуваат денес светските таблоиди.

Групата се очекува да даде официјално соопштение за јавноста после нивниот настап утре на концертот „Мајкл засекогаш“ во Велс.

Овој четиричлен состав, откако направи малку подолга пауза во јули, потврди претходниот месец дека ќе учествува на утрешниот концерт и дека ќа одржи хуманитарен концерт во Њујорк.

Неименуваниот извор изјавил за британскиот „Mirror“ дека овие концерти им се едни од последните концерти заедно.

Неодамна еден член на бендот ги демантираше овие гласини за распаѓање на групата, кои почнаа да кружат откако раперот Кајние Вест за време на еден настап во Њујорк рече: „Почивај во мир Блек Ајд Пис. Многу ќе ни недостигаш.“

Напиши коментар