Неутралните бои (црна, бела и сина боја) сеуште се најчестиот избор за внатрешен дизајн, бидејќи тие можат лесно да се адаптираат на други детали во домот.
Меѓутоа морате да знаете дека неутралните бои не се единствениот избор за уредување на домот. Многу научни истражувања ја потврдуваат теоријата за влијанието на боите врз нашето однесување и отвореност на духот. Влијанието на боите е во домот е недвосмислено јак и непореклив кога станува збор на нивното влијание врз нашето расположение и однесување. Како пример дека боите имаат големо влијание врз човековиот дух е фактот дека водечките компании во светот многу внимаваат на боите кои ги користат при уредување на нивните простории и канцеларии.
Доколку правилно ја одбереме бојата за нашиот дом, а во ист момент ја почитуваме нашата индивидуална перцепција за животот тогаш со сигурност вашиот дом ќе биде хармоничен и полн со позитивна енергија. Навистина боите можат да не мотивираат и да не онерасположат.
Боите и вашето расположение
Сина боја

Сината боја е бојата на мудроста и сигурноста. Докажано го намалува стресот, напнатоста и ја ублажува негативноста во расположението. Сината е одличен избор за спалната соба, но не се препорачува ( барем не во големи количини ) за во кујната и дневната соба. Сината боја не е динамична боја и токму заради таа причина не се препорачува во динамични простории како дневната соба и кујната.
Виолетова боја

Оваа боја означува почит. Неверојатно медитивна боја која делува достоинствено и примамливо. Но сите нијанси на виолетова боја немаат исто влијание. Имено доколку ја сакате темновиолетова боја тогаш искористете ја во спалната соба ќе бидете секогаш одморени, а доколку ги сакате светлите нијанси на виолетовата користете ја во работната просторија, бидејќи таа е бојата на достоинството и креативноста.
Црвена боја

Јака боја која треба да се користи многу рационално. Ви недостасува ли енергија, доволно ќе бидат неколку црвени перници или по некоја црвена свеќа и енергијата е повторно на високо ниво. Доколку црвената е доминанта боја во вашиот дом бидете сигурни дека вашата раздразливост и нервоза е токму поради големото присуство на црвената. Таа е боја на енергијата па затоа огромен број на тренери од различни спортови ја користат како боја во просториите за тренинг. Имено статистички е докажано дека спортистите кои тренирале во тренинг центри во кои црвената била доминанта покажувале врвни резултати. Затоа оваа боја е идеална доколку во домот имате просторија за вежбање. Додајте малку црвена боја во тој простор и резултатите ќе бидат неверојатно добри.
Жолта боја

Бојата на сонцето, на сончевата светлина и секако… носи добро расположение. Експертите утврдиле дека жолтата боја е идеална доколку сакате да ја подигнете внатрешната енергија и комуникацијата во домот. Затоа оваа боја е идеална за дневната соба во која се собираат сите членови на семејството. Секако не се сите нијанси на жолтата боја еднакво добри. Имено избегнувајте ја јако жолтата боја во секоја просторија од домот.
Зелена боја

Токму поради нејзината позиција во спектарот на бои, зелената боја е границата помеѓу топлото и ладното и токму поради таа причина таа во себе носи хармонија. Зелената боја смирува, го зголемува апетитот. Сите нејзини нијанси се идеални за кујните, умерено зеленета е идеална за спаланата соба, но избегнувајте ја во дневниот престор и работните простории.
