Кога ќе се спореди бананата со јаболкото, таа има 4 пати повеќе протеини, 2 пати повеќе јаглехидрати, 3 пати повеќе фосфор, 5 пати повеќе витамин А и железо и 2 пати повеќе од сите витамини и минерали. Исто така е богата со калиум, така да нема да е лошо ако ја сменете англиската поговорка: “One banana a day, keeps the doctor away.”
Потребно е
3 банани
150гр шеќер во прав
150гр мелени ореви(може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
150гр кокос
Подготовка:
Испасирајте ги бананите со виљушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини. По потреба додадете ореви или кокос. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.
Ако ви останат некоја вишок, може да ги замрзнете. Добри се за деца и за ненајавени гости.
