Celebrity

Божиќен дует на Мараја Кери и Џастин Бибер

Мараја Кери ќе биде дел од идниот новогодишен албум на Џастин Бибер наречен „Under the Mistletoe“. Мараја ја потврди оваа информација за соработка со тинејџерската ѕвезда и тоа се работи за преработка на нејзината песна „All I Want for Christmas Is You“.

Џастин на својот Твитер напиша:

–   Фактот што можеби ќе работам со еден од најдобрите гласови било кога на една од најдобрите песни на сите времиња…, а подоцна додава дека се работи за Мараја Кери и за неговиот очекуван божиќен албум.

Други гости на албумот на Бибер ќе бидат Ашер, Баста Рајмс, и „Boys II Men“. Ќе има и други, но нивните имиња сеуште не се откриени. По 1 долар од секој купен албум ќе биде дониран во хуманитарни цели.

Напиши коментар