Celebrity

Божиќен дует на Мараја Кери и Џон Ленон!

Пејачката Мараја Кери одлучила да ги почести своите фанови по повод божиќните и новогодишните празници, па прави дует со легендарниот пејач и текстописец Џон Ленон. Мараја го ангажирала Ленон за римејкот на нејзината песна „When Christmas Comes“, која оригинално се наоѓа на албумот од 2010 година, со наслов „Merry Christmas II You“.

Во Калифорнија, претходниот викенд тие веќе го снимиле спотот и тоа со лажни снегулки и еден голем клавир. И сопругот на Мараја, Ник Кенон е дел од спотот. Тој се појавува во улогата на Дедо Мраз.

Како што веќе ви е познато, својот најголем божиќен хит „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година, Мараја го преработи заедно со Џастин Бибер.

 

Напиши коментар