Поп феноменот Лејди Гага ни вети дека за Божиќ ќе ни подари нова трака, и како секогаш, таа си го исполни ветувањето. Точно на полноќ на Твитер напиша:
– Среќен Божиќ мали чудовишта! Слушнете ја мојата најнова, досега необјавена песна „Stuck On Fuckin’ You“
Еве како звучи новата песна на Гага:
… ви се допаѓа ли?
Оваа песна Гага ја објаснува како парче кое го снимила во еден здив. Самата ја напишала целата песна, а ова е само демо верзија на финалната песна. Гага, фала ти на подарокот, беше одговорот на сите нејзини фанови.
