Познатиот актер Бред Пит ќе игра во филмот „Дванаесет години роб“, а истовремено ќе се потпише и како продуцент на филмот.
Филмот е адаптација на автобиографијата на Соломон Нортуп од 1853 година во која се опишува како Соломон бил киднапиран и испратен да работи како роб на една плантажа во Лујзијана од каде бил спасен во 1853 година. Робството трае цели 12 години.
Бред Пит и Мајкл Фасбендер ќе ги играат луѓето што го спасиле главниот јунак од робството, а него пак, ќе го игра Чиветел Ејофор.
Инаку, моментално Пит го снима филмот „Светска војна Z“, а со Мајкл веќе имаат глумено заедно и тоа во филмот „Проклетници“.