Брендон и Сораја се новиот водителски пар на емисијата “Све за љубав”. Ние ќе бидеме едни од водителите, поточно ќе ни биде отстапен простор за еден љубовен квиз. Јас и Сораја одлично се снаоѓаме како пар, го пронајдовме заедничкиот јазик, изјавил Брендон.
И двајцата се задоволни од тоа како се одвиваат првите ангажмани, а ништо чудно од водителски пар да се роди и нешто повеќе. Можеби Сораја конечно ќе си ја најде сродната душа.
