Поп принцезата Бритни Спирс одржа концерт во Москва, на кој покажа извонредни кореографии, како и разни костими. Најмногу внимание привлече белата ламбада стил „а ла Мерлин Монро“.
Од Бритни повеќе ништо не може да не изненади. По нервниот слом, рехабилитацијата и борбата за добивање старателство над синовите, Бритни повторно тргна во поход да го освои светот: издаде нов албум, нејзините синглови се на врвот на светските топ листи, а тргна и на светска турнеја.

На концертот кој го одржа во Москва покажа одлична кондиција и сјајна визуелна трансформација. На сите за око им се фати изведбата на Бритни на песната „If You Seek Amy“ за која пејачката пронашла инспирација во култната сцена на Мерлин Монро каде ветарот ѝ го подигнува здолништето. Меѓутоа, Мерлин се обидува со рацете да го задржи, а Бритни играше без никаков срам и слободно си го покажа бодито во розева боја.
